Шпанија
Santi Cazorla, Spain

Играчот за врска на Шпанија, Санти Касорла јавно ја изрази радоста од враќањето во националниот тим. Поради серија од операции тој отсуствуваше од репрезентацијата цели 1302 дена, или поточно до триумфот на Шпанија од 2:0 против Англија во ноември 2015 г. Првиот меч, по долгата пауза, беше против Фарските острови, кој “црвената фурија“ го доби со 4:1, а Касорла беше и капитен.

“Беше лесно да играм повторно со овие фудбалери. Беше навистина лесно да ја играм мојата игра. Пресреќен сум што се вратив во националниот тим. Да ја носам капитенската лента е остварување на еден сон за мене. Покрај мојата огромна радост, се радувам и на победата, и се надевам дека ќе продолжиме со добри игри. Во натпревари како овој, противникот може да изгледа лесен, но не е така. Требаше да останеме фокусирани по нивниот погодок и токму тоа ни ја донесе високата победа. Натпреварот со Шведска ќе биде многу потежок, бидејќи тие се навистина добар тим. Но со поткрепата на нашите навивачи, ние сме самоуверени“, коментираше 34-годишниот Касорла.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *