Евро2020
Macedonia vs Austria
M. Hinteregger (автогол) 18′1 – 0
1 – 1V. Lazaro (ас. K. Laimer) 39′
1 – 2M. Arnautović (пенал) 62′
1 – 3M. Arnautović (ас. M. Sabitzer) 82′
1 – 4E. Bejtulai (автогол) 86′

Нашата репрезентација го забележа вториот пораз по ред. Влеговме добро во натпреварот, имавме и водство по една грешка на противникот, но во второто полувреме не создадовме ниту една сериозна шанса, а противниците ги казнија големите пропусти во нашата дефанзивна линија.

По одличниот старт од квалификациите за Европското првенство, наредивме и два порази, од едни од посилните репрезентации во групата. Прво изгубивме, минимално 0:1, од Полска, а сега и од Австрија, со високи 1:4.

Австрија ни го зеде третото место, со 6 бода, а Словенија со високата победа од 0:5 на гостувањето кај Латвија, не истурка на петтата позиција со 4 бода. Полска е првопласирана со стопроцентен учинок 3/3. Израел е втор со 7 бода. Шанси сè уште имаме, но нè очекуваат тешки гостувања.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *