Трансфери Шпанија

Реал Мадрид официјално објави дека Такефуса Кубо е најновото засилување на клубот.

По трансферите на Јовиќ, Милитао, Родриго, Менди и Азар, “кралевите” го финализираа трансферот и на Јапонскиот вундеркид, кој честопати го споредуваат со Меси поради неговиот стил на игра и техниката која ја поседува.

18-годишниот Кубо првин ќе биде дел од Б тимот на “кралевите”, а по сезона ќе зема 1.2 милиони Евра. ФК Токио од овој трансфер ќе заработи 2 милионие Евра.

Оваа вест веројатно тешко ќе ја прифатат во Барселона, бидејќи токму поради трансферот на овој играч во 2014 Каталонскиот клуб добри забрана за трансфери.

Барселона го доведе 10-годишниот Кубо во својата младинска школа во Август 2011 година. Кубо одлично се снаоѓаше во клубот и во својата прва сезона, во категоријата до 11 години, на 30 натпревари постигна дури 74 гола, со што беше прв стрелец во лигата.

Кубо напредуваше одлично во младинските категории на Барселона до 2014 година, кога клубот беше санкциониран бидејќи не ги испочитувал правилата за трансфери на малолетни играчи при доведувањето на Кубо. Како дел од санцкијата и на Кубо му беше забрането да настапува за клубот, но не и да тренира со клубот. Сепак, 14-годишниот Кубо сакаше да игра натпревари, па затоа во 2015 реши да се врати во Јапонија, каде се приклучи на младинскиот тим на ФК Токио, а веќе следната година премина во сениорскиот тим.

Од Барселона тогаш изјавија дека ќе го следат прогресот на Кубо и дека во иднина ќе се обидат да го доведат во своите редови. Многу “каталонци” токму во Кубо ја гледаа замената на Меси, па затоа веста за трансферот во Реал со сигурност нема лесно да ја примат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *