Трансфери
Solskjaer and Lukaku

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку ги договорил личните услови со Интер. Новиот тренер на “нероазурите”, Антонио Конте планира големи промени во клубот, а Белгиецот е една од нив. Се зборува дека Мауро Икарди ќе го напушти “Џузепе Меаца”, а токму Лукаку ќе биде главниот напаѓач за следната сезона.

За да се случи трансферот, Интер ќе треба да се договори со Манчестер Јунајтед. Се шпекулира дека “црвените ѓаволи” се спремни да се разделат со својот напаѓач за сума во висина на 62 милиони фунти.

Според “Гадзета дело Спорт” Лукаку се договорил со италијанскиот клуб за годишна плата од 6.6 милиони евра. Напаѓачот 27 гола во својата прва сезона на “Олд Трафорд”, но последната сезона погоди само 15 пати, а последните месеци го загуби и првотимскиот статус под водство на Солскјер, кој претпочиташе да игра со Маркус Рашворд во форот на напаѓачката линија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *