Италија Трансфери
gonzalo-higuain-daniele-rugani-juventus-2017-18

Аргентинскиот напаѓач Гонсало Игуаин, сака да ја заврши кариерата во италијанскиот гигант Јувентус. По доаѓањето на Кристијано Роналдо во Торино, Игуаин беше позајмен во Милан, а таму остана само пола сезона, по што се пресели во лондонски Челси кај својот поранешен тренер Маурицио Сари.

“Гонсало има уште 2 години од договорот со Јувентус и планира да ги одработи. Тој имаше две одлични сезони во дресот на “старата дама” и се надева да остане и следните две. Гонсало би се вратил во Италија само поради Јувентус. Тој е решен да ја заврши кариерата во Торино”, изјави неговиот брат Николас, кој е и негов менаџер.

Иднината на Аргентинецот е неизвесна. Во италијанските медиуми се шират гласини дека можно е Јувентус да направи замена со грчкиот дефанзивец од Рома, Костас Манолас.

Исто така, фаворитот на Масимилијано Алегри, Марио Манџукиќ немаше особено добра сезона, а со смена на тренерот на Јуве, можно е да се отвори повеќе простор за Игуаин во нападот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *