Англија
Мохамед Салах и Хари Кејн

Како навлегуваме подлабоко во летниот преоден трансфер период, така се појавуваат сè поинтересни статистики. Имено, американскиот магазин “ESPN” направи интересна класација на десетте најскапи фудбалери во англиската Премиер лига. Рангирањето е направено според податоци на авторитетниот веб сајт за трансфери transfermarkt.de.

Интересното е, што дел од фудбалерите од оваа листа се тема на шпекулации за промена на клубот уште ова лето, затоа нема да биде изненадување ако бидат соборени актуелните трансферни рекорди.

View this post on Instagram

Who else should have made the top 10? 🤔

A post shared by ESPN FC (@espnfc) on

Салах и Кејн се најскапи фудбалери во Премиер лигата, а веднаш зад нив се Стерлинг и Де Брујне од Манчестер Сити. Петти е Садио Мане, а шестата позиција ја делат Бернардо Силва, Погба, Канте, Ериксен и Сане. Од листата, јасно е дека Манчестер Сити е клубот со најскапи играчи (4), финалистите од Лига на шампиони – Ливерпул и Тотенхем по 2, а Челси и Манчестер Јунајтед по 1 фудбалер во топ 10 најскапи.

Најскапите 10:

1. Мохамед Салах (Ливерпул) – 135 млн.
2. Хари Кејн (Тотенхем) – 135 млн.
3. Рахим Стерлинг (Ман Сити) – 126 млн.
4. Кевин де Брујне (Ман Сити) – 117 млн.
5. Садио Мане (Ливерпул) – 108 млн.
6. Бернардо Силва (Ман Сити) – 90 млн.
6. Пол Погба (Ман Јунајтед) – 90 млн.
6. Нголо Канте (Челси) – 90 млн.
6. Кристијан Ериксен (Тотенхем) – 90 млн.
6. Лерој Сане (Ман Сити) – 90 млн.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *