Европа Шпанија
Луис Енрике, Шпанија

Луис Енрике се повлече од шпанскиот национален тим поради лични проблеми. Оваа вест беше денес официјално потврдена од првиот човек на фудбалската федерација на Шпанија – Луис Рубијалес.

Поранешниот тренер на Барселона ја превзема “ла роха” минатото лето, но поради приватни проблеми не ја предводеше репрезентацијата последниве 3 месеци – за кое време заменик селектор беше неговиот помошник Роберт Морено.

“Енрике ни кажа дека не може да продолжи. Му благодариме за работата и трудот, а вратата во националниот тим за него секогаш ќе биде отворена”, изјави Рубијалес.

Помошникот Морено беше заедно со Луис Енрике во Селта, Барселона и Рома, а негова главна задача беше видеоанализа на противничките тимови. Главните луѓе во шпанската федерација се задоволни од играта на националниот тим под негово водство и ќе му дадат шанса да ја предводи репрезентацијата понатаму како главен селектор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *