Германија
Матс Хумелс се врати во Дортмунд

Фановите на Борусија Дортмунд, веста за враќање на Матс Хумелс ја примија со помешани чувства. Дефанзивецот беше еден од омилените играчи на публиката од “Сигнал идуна парк” стадионот, но со трансферот, кај лутиот ривал Бајерн Минхен, ја загуби довербата.

Хумелс направи трансфер во Бајерн Минхен летото 2016 г. за 35 милиони евра. Со “баварците” освои 3 титули во Бундеслигата, а има 2 и со Борусија Дортмунд, во времето на Јирген Клоп.

Реакции на фановите на Борусија Дортмунд за враќањето на Хумелс во Дортмунд

“Не знам како да се чувствувам. Тој ја остави капитенската лента за да отиде кај нашите најголемите ривали, а сега се враќа”, напиша еден фан на твитер, додека друг реагираше само со “Што по ѓаволите?” и 47 емотикони со змии.

Во дискусијата се вклучи и фан на Манчестер Јунајтед, кој напиша дека би бил бесен доколку капитен на “црвените ѓаволи” направи трансфер во Ливерпул, освојувајќи ја титулата неколку пати, и потоа се врати назад на “Олд Трафорд”.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *