Видео Германија
Франк Рибери, Бајерн Минхен

Франк Рибери се опрости од “баварците” со погодок во последното коло од Бундеслигата, славејќи висока победа од 5:1 против Ајнтрахт Франкфурт. Токму тој гол беше избран за најдобар во сезоната 2018/19 од страна на навивачите.

Французинот помина 12 години на “Алијанц Арената”, а постигна 86 првенствени гола. Неговиот последен гол победи со 27% од гласовите, од вкупно 15 кандидати за гол на сезоната. Втор е голот на Матеус Кунја од Лајпциг против Бајер Леверкузен со 20% од гласовите, а на третото место е голот на Жан Цимер од Фортуна Дизелдорф против Борусија Дортмиунд со 14% од гласовите.

e

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *