Трансфери

“Каталонците” имаат желба да купат два нови напаѓачи летово, а како најсериозни трансфер цели веќе подолго се споменуваат Нејмар и Гризман.

И самите Нејмар и Гризман веќе подолго дека имаат желба да се преселат на Ноу Камп, а според најновите информации и двајцата се спремни да преминат во Шпанскиот шампион и за пониска плата.

Се шпекулира дека за Гризман Барса би платила околу 120 милиони евра на Атлетико Мадрид, додека за Нејмар би платиле 100 милиони евра, но дополнително и Кутињо би се преселил во ПСЖ.

Доколку овие два трансфери се реализираат, тоа ќе значи дека во нападот на Меси и Суарез ќе се приклучат уште две ѕвезди, па интересно ќе е да видиме со каков состав ќе настапува Барселона следната сезона.

Уште по интересно ќе е да ја следиме битката меѓу Барса и Реал, знаејќи дека и “кралевите” потрошија огромни пари на засилувања летово.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *