Англија

Од Њукасл и официјално соопштија дека нема да ја продолжат соработката со Рафа Бенитез, откако не успеале да понудат договор прифатлив за Шпанскиот стратег.

“Се обидовме да го продолжиме договорот со Рафа, но не успеавме да најдеме начин да го задржиме, па затоа тој ќе го напушти клубот на крајот на месецот. Следно на што треба да се фокусираме е да најдеме негов наследник”, изјавија од Њукасл.

Рафа Бенитез минатата сезона успеа да ја оствари главната цел тимот да остане во најсилната англиска лига, при што Њукасл заврши како 13-пласиран тим.

Како еден од главните кандидати за наследник на Рафа се споменува Жозе Мурињо. Останува да видиме дали “специјалниот” ќе се нафати на предизвикот да предводи клуб од долната половина на Премиер Лигата и дали можеби ќе успее да го врати Њукасл во горниот дел на табелата, каде што овој клуб вообичаено се наоѓаше во минатото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *