Арјен Робен изненадувачки објави дека става крај на професионалната фудбалска кариера. 35-годишниот холанѓанец ги помина последните 10 години во Бајерн Минхен, а го напушти баварскиот гигант заедно со уште една легенда – Франк Рибери. Се веруваше дека Робен ќе ја продолжи кариерата во друг клуб, но на крајот, холандското крило реши да ги “закачи” копачките.
Arjen Robben’s career by numbers:
— Squawka Football (@Squawka) July 4, 2019
👕 606 games
⚽️ 247 goals
🇳🇱 96 caps
🏆 30 trophies
♾ cutting in on his left foot. pic.twitter.com/TAMFYchbQD
“Без сомнение ова беше најтешкото решение кое го земав. Решение при кое срцето и умот беа во судир. Љубовта кон играта те убедува дека може да се справиш со целиот свет, но тоа не соодветствува на реалноста. Повеќе не си 16-годишно момче, кое нема претстава како што значи да си повреден. Во моментов сум здрав и во добра кондиција, но како љубител на други спортови, сакам тоа да остане така и во иднина. Затоа одлучив да застанам овде и да се пензионирам”, напиша Робен по повод на оваа негова одлука.
Поранешниот играч на Гронинген, ПСВ Ајндховен, Челси, Реал Мадрид и Бајерн Минхен одигра 606 натпревари и постигна 210 гола во неговата 19-годишна кариера. За репрезентацијата на Холандија одигра 96 натпревари и постигна 37 гола.
Робен се прослави уште на 20-годишна возраст со одличните игри во дресот на Челси. Имаше мала, неславна, авантура во Реал Мадрид, а најдобрите моменти ги доживеа во Бајерн Минхен, со кој освои сè. Со Холандија најголем успех забележа на Светското првенство во ЈАР 2010, каде го освоија второто место.