Опсајд
Месут Озил ја офарба косата

Новата фризура на Месут Озил е табу тема во социјалните мрежи. 30-годишниот плејмејкер на лондонски Арсенал загуби облог со своите соиграчи и ја обои косата руса.

“Имавме облог меѓу мене, Лаказет, Мустафи и Колашинац. Требаше да ја погодиме пречката од голот – Лаказет беше најдобар, а одговорот за најслабиот веќе го знаете. Облогот беше да ја офарбаме косата”, откри самиот Месут Озил.

“Им се допаѓа бојата на моите соиграчи, но кога станам наутро и се погледнам во огледало, изгледам многу поразлично, непрепознатливо. Секогаш сум бил со темна коса, но сега ми се допаѓа новата фризура. Не знам дали ќе ја задржам бојата и за Лондон, но засега ќе бидам вака”, заврши Озил.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *