Англија
Вирџил Ван Дијк кандидат за "Златната топка"

Вирџил Ван Дајк е поласкан што луѓето зборуваат за него како кандидат за “Златната топка”, но тој смета дкеа сите индивидуални награди се на втор план, во споредба со тимските успеси. Стоперот на Ливерпул, годинава беше избран за играч на сезоната во Премиер лигата.

“Да ја освојам “Златната топка” би претставувало огромна чест за мене, бидејќи гласаат сите мои колеги. Кажав и порано, дека би ја заменил оваа награда со Лигата на шампионите. За среќа, немаше потреба”, изјави Ван Дајк.

“Големо задоволство ми е што луѓето ме сметаат за кандидат за “Златната топка”. Имав одлична сезона со Ливерпул и нормално е тоа, но сега само се фокусирам на следната сезона и летните подготовки. Ваквите награди вообичано ги добиваат напаѓачи и офанзивни фудбалери, бидејќи нивната игра е поатрактивна: дриблинзи, голови, асистенции, финти, … но можеби време е тоа да се промени”, заврши Холанѓанецот.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *