Шпанија
Марко Асенсио се повреди

Реал Мадрид го победи Арсенал на пенали во дуелот од турнирот International Champions Cup, но претрпе многу тежок удар. Марко Асенсио заработи повреда на коленото во второто полувреме на “Федекс Фиелд” во Мериленд. Според информациите на “Марка” тоа може да значи крај на сезоната за него уште пред да започне официјално првенството.

Весникот тврди дека 23-гидишниот Шпанец има повреда на крстната врска на коленото, што значи дополнителна рехабилитација. Сè уште се чека официјална информација, за неговата состобја, од клубот,

“Загрижени сме бидејќи доби повреда во коленото. Тој е во болница на дополнителни испитувања, и чекаме резултати. Но никако не изгледаше добро и го очекуваме најлошото”, коментираше тренерот Зинедин Зидан.

Голот на Марко Асенсио против Арсенал.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *