Видео Италија
Џиџи Буфон фати 3/6 пенали против Интер

Легендарниот Италијанец на голот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон на 41-на година покажа како се бранат пенали. Пријателскиот дуел меѓу Јуве и Интер заврши 1:1, а Буфон влезе за пеналите, што се покажа вистински потег на Маурицио Сари.

Искусниот Буфон ги “прочита” сите 6 удари на фудбалерите на Интер, а успеа да одбрани дури пола од нив – прво на Ранокиа, Лонго, а на крај на искусниот Борха Валеро на средина од гол. За “старата дама” непрецизни беа, новото засилување Рабио, и Бернадески. Победата ја донесе новиот стопер, Турчинот Мерих Демирал, кој биеше прецизно од белата точка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *