Англија Опсајд
Озил и Колашинац нападнати од крадци

Sвездите на Арсенал, Месут Озил и Сеад Колашинац биле мета на вооружени крадци во Лондон. За среќа на Озил, Босанецот реагирал многу храбро, што ги исплашило крадците.

Озил и Колашинац се возеле со џипот на Озил, и биле заобиколени со моторџии кои пробале да ги принудат да го напуштат возилото. На безбедносните видео снимки се гледа како Колашинац им се пушта на крадците. Веднаш потоа, фудбалерите побарале помош во блискиот ресторан.

На помош на Озил и Колашинац им се придружели и келнерите од локалниот ресторан, каде се скриле фудбалерите, а крадците се разбегале. За среќа, и двата фудбалери се без повреди и сè е во ред, но сигурно имаат доживеано голем шок и ќе им треба време да ја забораваат оваа немила случка.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *