Опсајд
Кристијано Роналдо најплатен спортист на Инстаграм

Аналитичкиот веб сајт Hopper направи истражување за заработката на познатите личности на социјалната мрежа Инстаграм. Опфатени се луѓе од разни области (спорт, фитнес, патешествија, убавина, лајфстајл, исхрана итн.), а од Hopper пресметале колку чини рекламен пост на тие профили.

Лидер меѓу спортистите е Кристијано Роналдо. Португалецот заработува околу $ 975.000 за објавен пост. Повеќе од него заработуваат само американскиот модели Кајли Џенер ($ 1,27 милиони за рекламен пост) и пеачката Ариана Гранде ($ 996.000 од пост).

Листата најплатени 10 спортисти изгледа вака:

1. Кристијано Роналдо, $ 975.000 за пост
2. Нејмар, $ 722.000
3. Лионел Меси, $ 648.000
4. Дејвид Бекам, $ 357.000
5. Леброн Џејмс, $ 272.000
6. Роналдињо, $ 256.000
7. Герет Бејл, $ 218.000
8. Златан Ибрахимовиќ, $ 200.000
9. Вират Кохли (индиски крикет играч), $ 196.000
10. Луис Суарез, $ 184.000

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *