Италија Трансфери
Милик пред заминување од Наполи

Полскиот напаѓач во Наполи, Аркадуиш Милик настојува платата да му биде покачена двојно, поради што клубот е спремен да го продаде, особено ако успее да го донесе Мауро Икарди од Интер.

Според “Кориере дело спорт” напаѓачот започнал преговори со, раководството на тимот, за продолжување на договорот, кој истекува 2021 г. Неговите барања за двојно покачување, на моменталната 1.8 милиони евра годишна плата, ја надразниле управата на клубот, а на тоа гледаат прилика за подновување на нападот.

Милик дојде во Наполи за 32 милиони евра од Ајакс, во 2016 година, но поради две сериозни повреди тој одигра само 87 натпревари и постигна 34 гола. Наполи може да се реши да го продаде летово, а за напаѓачот има интерес од шпански Бетис. Друга опција е да биде вклучен во зделката за трансфер на Мауро Икарди.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *