Видео Франција
Анхел ди Марија
0 – 1A. Hunou (ас. B. Bourigeaud) 13′
K. Mbappé (ас. Pablo Sarabia) 57′1 – 1
Á. Di María 73′2 – 1

ПСЖ ја започна сезоната со трофеј во Суперкупот на Франција. Тимот на Томас Тухел го победи Рен со 2:1, а главен херој беше резервистот Анхел ди Марија, кој постигна прекрасен гол од слободен удар во 73-тата минута.

На крајот од сезоната, Рен му “одзеде” еден трофеј на големиот ПСЖ, оној во Купот на Франција, каде парижани прокоцкаа водство од 0:2 за да изгубат 6:5 на пенали.

ПСЖ го освои суперкупот седми пат по ред, а вкупно деветти, што претставува двоен рекорд. Францускиот шампион редовно го освојува суперкупот од 2013 г. наваму.

ПСЖ беше без главната ѕвезда Неймар, кој тренира сам, додека не се опорави целосно од повредата. Бразилецот беше во Кина, и го следеше мечот од трибините, а воопшто не се израдува на победничкиот гол на Ди Марија, додека неговите соиграчи славеа околу него. Останува уште малку време за разврска на трансфер сагата околу неговото враќање во Барселона.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *