Италија Трансфери
Раџа Наинголан се врати во Каљари

По 6 години, Раџа Наинголан се враќа во Каљари. Белгиецот беше срдечно пречекан на аеродром, од толпа фанови.

Откако стана јасно дека Раџа не е во плановите на новиот менаџер на Интер – Антонио Конте, Белгиецот се врати во поранешниот клуб од Сардинија. Наинголан настапуваше за Каљари од 2010 до 2014, каде се етаблираше како одличен играч за врска, кој умее да помага и во нападот. Има одиграно 137 натпревари за Каљари, и постигнато 7 гола и 6 асистенции, пред трансферот во Рома. Сè уште нема многу детали околу трансферот, но се верува дека ќе биде само позајмица.

“Ова беше изборот на моето срце. Се надевам ќе му помогнам на клубот. Среќен сум што се враќам дома. Направив решение, за кое до некаде бев и принуден, но сè е во ред. Сега сакам само да играм фудбал и да му покажам на Интер дека направи грешка што ме натера да заминам”, изјави Наинголан.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *