Англија
Солскјаер

34-годишниот Ешли Јанг ќе биде првиот капитен на Манчестер Јунајтед за претстојнава сезозна. Информацијава денес ја потврди менаџерот на “црвените ѓаволи” Оле Гунар Солскјер.

Англискиот репрезентативец собра доста гнев, кај фановите на тимот, минатата сезона, но Солскјер ја нема загубено довербата во искусното крило, или веќе бек.

Според англиските медиуми, останатите кандидати, за капитенската лента, биле Пол Погба, Давид Де Хеа, Немања Матиќ и Крис Смолинг.

Минатата сезона прв капитен беше Антонио Валенсија, но клубот не ја продолжи соработката со Еквадорецот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *