Англија Трансфери
Аурелио де Лаурентис

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис изјави дека реалната цена на Хари Мегвајар е 25 милиони евра. Пред неколку дена Манчестер Јунајтед го направи Англичанецот најскап дефанзивец во светот, откако исплати 85 милиони фунти на Лестер за неговите услуги.

“Ако Мегвајар чини 93 милиони евра, тогаш цената на Кулибали е 250 милиони, изјави Де Лаурентис. – Проблемот со тие цени доаѓа од Англија. Таму заработуваат многу повеќе пари, отколку во Франција, Шпанија, Италија и Германија. Ако еден клуб има приходи од 800 милиони, за него не е проблем да даде 80-90 милиони за еден играч. Нема реална и фер борба меѓу Англија и останатите држави.”

“Црвените ѓаволи” беа поврзувани и со стоперот на Наполи, Калиду Кулибали, а претседателот откри дека одбил понуда од 105 милиони евра во зимскиот преоден рок, но не откри од кој тим. Де Лаурентис додаде дека стоперот има откупна клаузула вредна 150 милиони евра.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *