Англија
Колашинац и Озил

Sвездите на Арсенал Месут Озил и Сеад Колашинац ќе го пропуштат гостувањето кај Њукасл, од првото коло во Премиер лигата, поради безбедносни мерки додека трае постапката за раследување на случајот во кој пред 2 седмици беа нападнати од вооружени крадци.

Според англиски “Мирор”, двајцата нема да играат додека не заврши постапката. “Безбедноста на играчите и нивните семејства е приоритет, и затоа донесовме заедничко решение тие да паузираат додека не се расчисти случајот. Се надеваме дека сè ќе се заврши бргу и тие ќе бидат наскоро на терените”, изјавија од клубот. Менаџерот Унаи Емери има доста опции за Озил и Колашинац, така да не се очекуваат никакви проблеми околу нивното отсуство.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *