Видео Франција
Лион слави со 0:3 на гостувањето кај Монако
0 – 1M. Dembélé (ас. B. Traoré) 5′
0 – 2M. Depay (ас. Thiago Mendes) 36′
0 – 3L. Tousart (ас. Thiago Mendes) 80′

Лион со високи 0:3, против Монако, го отвори почетокот на француската Лига 1. Домакините играа со играч помалку од 30-тата минута, кога Фабрегас направи директен црвен картон.

Резултатот го отвори Муса Дембеле, уште во 5-тата минута, со одличен скок биеше силно со глава, за рано водство на гостите.

Во 26-тата минута Фабрегас направи фаул, а судијата по неколку минути консултација и преглед на ВАР снимките, му даде директен црвен картон на искусниот Шпанец.

Само 6 минути подоцна, Мемфис Депај биеше силно од триесетина метри, а топката заврши, меѓу нозете на Лекомт, кој реагираше доста несмасно.

Во самата завршница, на 10 минути до крајот, Лука Тусар постигна прекрасен гол од далечина, за конечни 0:3 за Лион.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *