Англија
Салах и Ван Дајк против Норвич
G. Hanley (автогол) 7′1 – 0
Mohamed Salah (ас. Roberto Firmino) 19′2 – 0
V. van Dijk (ас. Mohamed Salah) 28′3 – 0
D. Origi (ас. T. Alexander-Arnold) 42′4 – 0
4 – 1T. Pukki (ас. E. Buendía) 64′

Ливерпул влезе многу сериозно уште од самиот почеток на натпреврот, а тоа им донесе и рано водство, со автоголот на Ханли во 7-та минута.

Десетина минути подоцна, Фирмино одлично го проигра Мохамед Салах во шеснаесетникот на Норвич, а Египќанецот биеше милиметарски прецизно за високо водство од 2:0.

На “црвените” има требаа само 9 минути за нов погодок. Овојпат, Салах нафарли одлична топка во шеснаесетникот на Норвич, а корпулентниот Ван Дајк одлично биеше со глава, за водство од 3:0.

Одличниот старт на Ливерпул се упропасти со повредата на голманот Алисон Бекер, кој го напушти теренот на носилки, на само 6 минути до крајот на првото полувреме. Прилика за докажување на голот доби новото засилување од Вест Хем – Адриан.

Гостите едвај чекаа да дојде полувреме, но домакините не престанаа овде, и до паузата постигнаа уште еден гол, дело на Дивок Ориги.

Норвич успеа да постигне почесен гол, во 64-тата минута, Финецот Тему Пуки биеше прецизно за конечни 4:1.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *