Англија
Ѓундоган останува во Манчестер сити

Играчот за врска на “граѓаните”, Илкај Гундоган го продолжи договорот со клубот откако денес стави потпис на новиот договор, со важење до 2023 година. Германскиот репрезентативец влезе во последната година од договорот, кој го потпиша во 2016-та година, затоа Манчестер Сити брзаше да го продолжи истиот.

“Уживав во изминативе три години и среќен сум што го направив вистинскиот избор да ја продолжам соработката со клубот. Вистинска привилегија е да се биде дел од овој состав, кој стана топ клуб и оствари многу успех, а се надевам дека ќе продолжиме со исто темпо“, истакна Ѓундоган.

Германецот, со турко потекло, досега настапи на 115 натпревари за “граѓаните”, во кои постигна 17 гола и исто толку асистенции. Двете едноподруго титули во Премиер лигата му се најголем успех, а освои и еден ФА куп и два Лига купови.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *