Англија
Манчестер Сити со петарда ја започнува сезоната
0 – 1Gabriel Jesus (ас. K. Walker) 25′
0 – 2R. Sterling (ас. K. De Bruyne) 51′
0 – 3R. Sterling (ас. R. Mahrez) 75′
0 – 4S. Agüero (пенал) 86′
0 – 5R. Sterling (ас. R. Mahrez) 90’+1

По една седмица од освоениот Комјунити Шилд, “граѓаните” со петарда ја започнуваат новата сезона во Премиер лигата. Жртва беше Вест Хем, кој загуби дома со високи 0:5, а главен херој на гостите беше Рахим Стерлинг, кој постигна хет-трик.

Манчестер Сити го отвори резултатот со голот на Габриел Жезус во 25-тата минута. Во второто полувреме, Рахим Стерлинг се разигра и стигна до хет-трик (51′, 75′, 90′), а еден гол беше дело на Серхио Агуеро (86′), кој влезе од клупата за резерви.

Она што го одбележа овој меч, беше користењето на ВАР технологијата, за првпат во Премиер лигата. Во 54-та минута Жезус погоди за водство од 0:3, но голот беше поништен од ВАР бидејќи рамото на СТерлинг било неколку сантиметри во офсајд позиција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *