Англија Видео
Тотенхем со пресврт против Астон Вила
0 – 1J. McGinn (ас. T. Mings) 9′
T. NDombèlé (ас. Lucas Moura) 73′1 – 1
H. Kane 86′2 – 1
H. Kane (ас. M. Sissoko) 90′3 – 1

Тотенхем оствари тешка победа од 3:1 против новајлијата Астон Вила, во еден интересен и возбудлив дуел. Фаворитите не започнаа добро, бидејќи гостите поведоа уште во 9-тата минута, со голот на Џон Мактин.

До паузата, домакините не успеаа да направат ништо сериозно, а Астон Вила беше подобриот тим. Во второто полувреме, особено по влегувањето во игра на Кристијан Ериксен, Тотенхем направи голем притисок и заслужено направи пресврт во своја полза. Рекордното засилување, Танги Ндомбеле исрамни во 73-тата минута, а Хари Кејн направи пресврт, со два гола (86′, 90′) , во самата завршница.

Хари Кејн само ја продолжи добрта традиција против Астон Вила – постигна 5 гола на последните 3 натпревари, во Премиер лигата.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *