Германија Трансфери
Нико Ковач

Тренерот на Бајерн Минхен, Нико Ковач е убеден дека до крајот на летниот трансфер прозорец, клубот ќе се засили со уште некој играч. Последните седмици, неколку фудбалери на баварците јавно изразија негодување со неактивноста на тимот на трансфер пазарот.

“Нашата управа работи на тоа. Може да бидете сигурни дека ќе донесеме засилувања до 2 септември. Дали е проблем купувањето фудбалери на крајот на трансфер прозорецот? Идеално би било сите играчи да се на располагање што порано, со цел да се вклопат побрзо, но тоа не секогаш е лесно. Сепак, тоа е реалноста, трансфер пазарот е тежок, и секоја зделка бара доста труд, време и преговори”, изјави Ковач на пресконференцијата пред натпреварот со Енерги Котбус во Купот на Германија.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *