Трансфери
Filipe Coutinho

Филипе Кутињо го одбил Тотенхем, иако финалистот од Лига на шампиони ги исполнил условите на Барселона, како и на играчот.

Бразилецот не сака да ја напушти Барселона за помал клуби, а поготово не во Англија, каде настапуваше 5 ипол години за Ливерпул.

Барселона ќе проба во следните десет дена да го позајми или да го продаде, а се верува дека каталонците бараат околу 30 милиони за позајмица и обврска за откуп на крајот на сезоната, но тоа ретко кој може да го плати.

Наводно, Кутињо е заинтересиран за две опции: Јувентус или Бајерн Минхен.

Шансите за трансфер во Јувентус се многу мали, пред сè поради фактот дека Пуало Дибала сè уште е во тимот.

Од друга страна, Баерн Минхен би можел да биде решение, тие бараат засилувања, а токму Кутињо би можел да биде едно од нив.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *