Англија Видео
Маркус Рашворд
M. Rashford (пенал) 18′1 – 0
A. Martial (ас. Andreas Pereira) 65′2 – 0
M. Rashford (ас. P. Pogba) 67′3 – 0
D. James (ас. P. Pogba) 81′4 – 0

Манчестер Јунајтед ја започнува сезоната со висока победа против Челси. “Црвените ѓаволи” немаа милост за подмладениот тим на Франк Лампард, победувајќи го првото дерби во Премиер лигата со 4:0.

Домакините одиграа многу практичен, ефективен и брз фудбал. Лондончани беа добри во првото полувреме, погодија 2 пречки, а единствено грешката на Курт Зума ги чинеше пенал, кој Маркус Рашворд го реализираше во 18-тата минута.

Во второто полувреме, Јунајтед постигна два брзи гола – прво Марсијал во 65-тата, а 2 минути подоцна повторно Рашворд. Дебитантот Даниел Џејмс, во завршницата од натпреварот (81′), се запиша на листата стрелци, за висока победа на “црвените ѓаволи” од 4:0.

Пред натпреварот, Манчестер Јунајтед имаше само 2 победи на последните 13 средби против Челси, во првенството. Новите фудбалери Арон Ван-Бисака и Хари Мегвајар настапија како првотимци, третиот новајлија Даниел Џејмс влезе од клупата заа резерви. Давид де Хеа беше заменик капитен, во отсуство на Ешли Јанг.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *