Италија
Весли Снајдер се пензионираше

Холандскиот плејмејкер, Весли Снајдер објави дека става крај на фудбалската кариера. 35-годишниот фудбалер е без клуб од јули. Последен клуб му беше Ал-Гарафа од Катар.

Снајдер кариерата ја започна во Ајакс, потоа направи трансфер во Реал Мадрид. Кај “кралевите” не се снајде најдобро, и брзо замина во Интер, каде му беше колега на нашиот Пандев. Со “нероазурите”, предводен од Жозе Мурињо, ја освои популарната триплета во сезоната 2009/10. Потоа имаше авантура во Галатасарај и Ница.

Весли Снајдер е рекордер по број на натпревари за националниот тим на Холандија, вкупно 134 натпревари и 31 гол. Тој беше еден од главните играчи на “лалињата” на Светското првенство 2010 г. каде Холандија загуби во финалето, 1:0 од репрезентацијата на Шпанија.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *