Трансфери
christian-eriksen tottenham

Од управата на Јувентус се поврзале со агентот на Кристијан Ериксен, за да му предложат на плејмејкерот трансфер во Торино, како слободен агент следното лето. Договорот на Данецот истекува следното лето, а засега нема никакви знаци дека истиот ќе биде продолжен.

По завршувањето на сезоната, и неуспехот во Лига на шампиони, Ериксен изјави дека е спремен за нов предизвик во кариерата, што предизвика интерес кај повеќе клубови од европската елита, а посебно кај Реал Мадрид.

Јувентус е експерт за земање играчи како слободни агенти. Последниве сезони, “бјанконерите” успеаа, без пари, да ги доведат: Дани Алвес, Емре Џан, Сами Кедира, Адриан Рабио и Арон Рамзи.

Ако Ериксен остане во Тотенхем летниов преоден рок, и не го продолжи договорот, тој ќе има право да преговара со други клубови уште во Јануари, што значи на Тотенхем може да му се случи истото како на градскиот ривал Арсенал со Ремзи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *