Германија Трансфери
Иван Перишиќ во Бајерн Минхен

Крилото на Интер, Иван Перишиќ ќе игра, следната сезона, како позајмен играч во Бајерн Минхен. Во договорот меѓу двата клуба, има клузула за перманентен трансфер во висина од 20 милиони евра, а за позајмицата, баварците ќе исплатат 5 милиони евра на “нероазурите”.

“Иван ќе ни помогне со неговото искуство и игра на највисоко ниво. Тој е технички добар и доста подвижен во напад. Сигурен сум дека брзо ќе се прилагоди и вклопи во новата средина”, изјави спортскиот директор на Бајерн, Хасан Салихамиџиќ.

“Многу сум среќен што се враќам во Германија. Бајерн е еден од најголемите клубови во Европа. Ќе се бориме не само за титулата во Бундеслигата, туку и Лигата на шампиони”, изјави фудбалерот, кој пред Интер, настапуваше и во Волфсбург и Борусија Дортмунд.

Интересно е што Перишиќ е прв трансфер од Интер во Бајерн Минхен, по оној на Лотар Матеус во далечната 1992 г.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *