Трансфери
Матуиди си заминува од Јувентус

Играчот за врска на Јувентус, Блес Матуиди е сосема блиску до напуштање на италијанскиот првак. Според медиумите од Апенините, 32-годишниот Французин е близу трансфер во татковината. Најсериозни кандидати се, неговиот поранешен клуб ПСЖ, како и Монако.

Се верува дека интерес за Матуиди пројавил и германски Бајерн, кој денес ја официјализираше позајмицата на Иван Перишиќ од Интер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *