Италија Трансфери
Франк Рибери во Фиорентина

Искусниот Франк Рибери денес официјално потпиша за Фиорентина. Повеќе детали околу договорот не беа објавени, а клубот ќе го претстави утре (22 август) во 17:30 часот.

Рибери ќе го носи неговиот омилен број 7 на “Артемио Франки”, број кој го носеше последните 10 години во Бајерн Минхен. Фиорентина е осмиот клуб во професионалната кариера на 36-годишниот Французин. Крилото настапуваше за: Булон, Але, Брест, Мец, Галатасарај, Марсеј и Бајерн.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *