Англија Видео
Абрахам, Челси
T. Abraham 19′1 – 0
T. Abraham 43′2 – 0
2 – 1C. Robinson (ас. E. Stevens) 46′
2 – 2K. Zouma (автогол) 89′

“Сините” на Франк Лампард играат во очајна форма, а на мечот со Шефилд Јунајтед се очекуваше победа и кревање на тимскиот дух, но напротив, Челси одигра само 2:2 и покрај предноста од 2 гола на полувреме.

Домакините стигнаа до лесно водство од 2:0, со головите на Тамараеби Абрахам, кој ги искористи катастрофалните грешки на одбраната на Шефилд Јунајтед.

Гостите не се предадоа, и во второто полувреме намалија на 2:1 по само една минута игра, стрелец на голот беше Калум Робинсон. Големото изненадување дојде во 89-тата минута, кога Курт Зума обидувајќи се да избие една нафрлена топка си постигна автогол.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *