Видео Германија
Бајерн Минхен - Мајнц 05
0 – 1J. Boëtius (ас. R. Pierre-Gabriel) 6′
B. Pavard (ас. I. Perišić) 36′1 – 1
D. Alaba 45′2 – 1
I. Perišić (ас. B. Pavard) 54′3 – 1
K. Coman (ас. J. Kimmich) 64′4 – 1
R. Lewandowski (ас. T. Müller) 78′5 – 1
A. Davies (ас. T. Müller) 80′6 – 1

Баварската машина полека влегува во ритам. Овојпат жртва на германскиот првак беше Мајнц 05 кој загуби, на гостувањето во Минхен, со високи 6:1.

Гостите поведоа уште во 6-тата минута, со голот на Жан Пол Боетус, кој одлично се снајде при еден добар центаршут во противничкиот шеснаесетник.

Домакините го возвратија ударот во 36-тата минута, кога Перишиќ асистираше до Павард, а Французинот со одличен волеј погоди за израмнување.

Баварците го свртеа мечот резултатски до крајот на полувремето, со прекрасниот гол на Давид Алаба од слободен удар.

Во 54-тата минута, Павард му врати со асистенција на Перишиќ, а хрватот биеше одлично со глава, постигнувајќи го својот прв гол за Бајерн Минхен.

До крајот на натпреварот, на листата со стрелци се запишаа и Кингсли Коман (64′), Роберт Левандовски (78′) и 18-годишниот Канаѓанец Алфонсо Дејвис (80′).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *