Англија Видео
Садио Мане, Ливерпул
0 – 1C. Wood (автогол) 33′
0 – 2S. Mané (ас. Roberto Firmino) 37′
0 – 3Roberto Firmino (ас. Mohamed Salah) 80′

Ливерпул сигурен на гостувањето кај Барнли, се враќа на врвот на Премиер лигата. “Црвените” ја забележаа 13-тата победа по ред во првенството.

Ливерпул го отвори резултатот во 33-тата минута, со помош на Крис Вуд кој си постигна автогол.

Само четири минути подоцна, “црвените” зголемија на 0:2 со голот на Садио Мане. Конечните 0:3 ги постави Бразилецот Роберто Фирмино, кој го забележа својот 50-ти гол во Премиер лигата. Имено, со овој погодок, Фирмино стана најдобар бразилски голгетер на островото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *