Видео Германија
Унион Берлин - Борусија Дортмунд
M. Bülter (ас. C. Trimmel) 22′1 – 0
1 – 1Paco Alcácer (ас. J. Sancho) 25′
M. Bülter 50′2 – 1
S. Andersson (ас. S. Becker) 75′3 – 1

Унион Берлин ја забележа првата победа, во Бундеслигата, во својата историја . Ова е прва сезона, во германската елита, за малиот тим од Берлин, а првата победа ја забележаа против големата Борусија од Дортмунд.

Домакините поведоа со голот на Мариус Бултер во 22-та минута. Германецот постигна одличен гол, шутирајќи волеј на нафрлената топка од корнер.

Гостите изедначија по само 3 минути игра, со голот на Пако Алкасер, на асистенција на одличниот Џејдон Санчо.

Унион Берлин поведе повторно во 50-тата минута, а стрелец беше Бултер по вторпат. Конечните 3:1 ги постави Швеѓанецот Себастијан Андерсон во 75-тата минута.

Ова е прва победа за новајлијата во Бундеслигата, а прв пораз за Борусија Дортмунд сезонава, кој останува на 5-тата позиција, со 6 бода.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *