Англија Видео
Арсенал - Тотенхем
0 – 1C. Eriksen 10′
0 – 2H. Kane (пенал) 40′
A. Lacazette (ас. N. Pépé) 45’+11 – 2
P. Aubameyang (ас. M. Guendouzi) 71′2 – 2

Лутите градски ривали ги поделија бодовите во еден возбудлив и динамичен натпревар. Арсенал беа релативно подобар тим, но промашија доста шанси, а Љорис беше одличен на голот на Тотенхем.

Гостите поведоа бргу, уште во 10-тата минута, кога голманот на Арсенал лошо реагираше на еден шут на Сон, топката се одби до Ериксен кој без проблеми погоди за рано водство на Тотенхем.

Во 40-тата минута, Гранит Џака непотребно направи фаул во шеснаесетникот, за што гостите добија пенал, кој беше одлично реализиран од Хари Кејн за високо водство од 0:2.

Александр Лаказет во последната минута од првото полувреме успеа да намали на 1:2 и да ја врати надежта кај домакините.

Арсенал беше одличен во второто полувреме, со многу шанси за гол, но Уго Љорис беше одличен на голот на Тотенхем. “Топџиите” стигнаа до израмнување дури во 71-та минута, кога Гендузи одлично упати една топка кон голот на Тотенхем, а Абумејанг успеа да го смени правецот на топката и да го изненади Љорис.

“Топџиите” погодија и за 3:2, но голот беше поништен со ВАР поради офсајфд на Колашинац.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *