Италија Трансфери
Фернандо Љоренте во Наполи

Шпанскиот напаѓач Фернандо Љоренте го финализираше трансферот во Наполи, во последниот ден од летниот преоден рок. Искусниот голтетер пристигна во тимот на Карло Анчелоти како слободен агент, а со наполитанците потпиша двегодишен договор.

Откако стана јасно дека зделката со Мауро Икарди ќе пропадне, тимот на Елиф Елмас се насочи кон Љоренте, кој изгледа како одличен избор. Шпанецот веќе има искуство во Серија А, каде беше дел од шампионот Јувентус, со кој освои три титули во лигата, еден куп и два суперкупа на Италија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *