Италија Трансфери
Хенрик Микхтарјан во Рома

Арсенал и Рома се договорија за позајмица на Хенрик Микхтарјан. Ерменскиот репрезентативец го загуби првотимскиот статус во Арсенал и ќе бара поголема минутажа во Рим.

Новите засилувања: Дани Себајос и Николас Пепе, како и враќањето на Рајс Нелсон од позајмицата во Хофенхајм, и сè подобриот Џо Вилок, го принудија Микхтарјан да бара поголема минутажа во друг клуб.

Микхтарјан, по трансферот од Манчестер Јунајтед, одигра 59 натпревари за “топџиите”, постигнувајќи 9 гола и 13 асистенции.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *