Трансфери
Радамел Фалкао во Галатасарај

Искусниот Колумбиец се сели во Истанбул, по 4 сезони поминати во Монако. Фалкао помина 2 сезони и во Премиер лигата, на позајмица во Манчестер Јунајтед и Челси.

Договорот на 33-годишниот Фалкао истекуваше следното лето, а клубот сè уште немал почнато преговори за продолжување. Токму затоа, напаѓачот се решил за преселба, а секако и фактот дека со Галатасарај ќе може да настапува во Лигата на шампионите.

Фалкао пристигна во Монако во 2013 година како големо засилување од Атлетико Мадрид за високи 60 милиони евра. За Монако забележа 139 натпревари, и постигна и 83 гола.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *