Трансфери Шпанија
Рафиња Алкантара

Играчот за врска на Барселона, Рафиња Алкантара ќе игра како позајмен играч во Селта Виго, објавија шпанските медиуми. До крајот на денот зделката треба да биде официјално потврдена. Претходно, играчот ќе го продолжи договорот со каталонците.

Од “Камп Ноу” настојуваат на ваков чекор, бидејќи ова е последната година од договорот на Рафиња, и не сакаат да се повтори случајот со Мунир Ел Хадади, кој во Јануари беше продаден за само 1 милион евра.

Рафиња веќе има настапувано за “небесносините”, каде ги имаше можеби најдобрите настапи во својата кариера, под водство на Луис Енрике.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *