Италија Трансфери Франција
Икарди и Ванда Нара

Мауро Икарди пристигна во клупските канцеларии на Пари Сен Жермен, каде треба да ги потпише личните детали околу договорот и официјално да премине во францускиот шампион.

Напаѓачот го напушта Интер, каде не сметаат повеќе на неговите услуги. Се очекува Аргентинецот да биде позајмен за 5 милиони евра, со откупна клаузула од 65 милиони евра. Сè уште нема информации дали клаузулата ќе биде задолжителна.

Порано денес, пред канцелариите на ПСЖ помина и голманот Кејлор Навас, кој веќе позираше со шал на клубот. Костариканецот беше купен од Реал Мадрид за 13 милиони евра. Во обратната насока заминува, на позајмица, Алфонс Ареола.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *