Трансфери Франција
Мауро Икарди во ПСЖ

Од Пари Сен Жермен официјално го објавија трансферот на Мауро Икарди, кој доаѓа на позајмица од Интер, со опција за перманентен трансфер. Се верува дека клаузулата за откупување на договорот е во размер на 70 милиони евра.

26-годишниот напаѓач стана 16-тиот аргентински играч во клупската историја, а ќе го носи дресот со број 18.

Пред позајмицата да биде официјализирана, фудбалерот го продолжил договорот со Интер, кој сега е до 2022 г. Според Џанлука ди Марцо, за време на позајмицата, ПСЖ ќе му плаќа годишна плата од 8 милиони евра, со дополнителни 2 во форма на бонуси. Ако клубот го откупи неговиот договор целосно, тогаш би добивал фиксно 10 милиони евра годишно, а се верува дека договорот би бил на 4 години. Доколку се врати во Интер, голгетерот би добил 5 милиони евра следната сезона, и 7 милиони во сезоната 2021/22.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *