Италија
Џорџо Киелини, Јувентус

Капитенот на Јувентус Џорџо Киелини нема да игра во следните шест месеци, откако успешно помина операција на десното колено.

35-годишниот стопер се здоби со тешка повреда на тренингот во петок, ден пред дербито со Наполи, кое Јувентус го доби со 4:3. Од тимот се задоволни од медицинската интервенција која беше потполно успешна, и се надеваат да го имаат капитенот на располагање за нокаут фазата од Лигата на шампионите, доколку клубот стигне таму.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *