Италија
Маурицио Сари

Тренерот на Јувентус Маурицио Сари се опорави од пневмонијата и денес го предводел тренингот на “старата дама”, се пофалија од клубот. Во Торино се останати само играчите кои немаат обврски со репрезентациите.

На Сари му беше дијагностицирана пневмонија пред стартот на Серија А. Се очекува стратегот да дебитира на тренерското столче на Јувентус, во Серија А, по паузата за националните тимови. Тој ги пропушти првите две средби на Јуве, поради неговата состојба. “Старата дама” ги победи и двата натпревари и го дели првото место со градскиот ривал Торино и Интер од Милано.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *